Сендвич со говедско месо
Состојки
- 2 говедски шницли
- 2 лажици мајонез
- 1 лажичка рустичен сенф
- по вкус лепчиња за сендвичи
- по вкус домати, рукола
- сос од кромид
- 1 кромид (по можност виолетов)
- 2 лажици ацето балсамико
- по вкус масло и путер
- по вкус бибер, мајчина душичка
Подготовка
Еве едно рецептче за еден сочен, навивачки сендвич.
1. За негова подготовка јас користев говедски шницли претходно маринирани во масло, сол и бибер и печени на грил тава. Вие може да искористите по вкус друг вид на печено, варено, пржено или на скара спремено месо. Сосот за сендвичот навистина убаво оди со месо од скара, па некако таа комбинација ми е највкусна.
2. Сосот од кромид се приготвува на следниот начин. Кромидот се сецка на парчиња (значи не ситно) и се пропржува на мешавина од масло и путер кратко време, колку да омекне. Се додава бибер, мајчина душичка и ацето балсамико. Се пропржува уште малку за да се добие убав сос.
3. Мајонезот се меша со рустичниот сенф.
4. Лепчињата за сендвич се потпекуваат на грил тава, скара, тостер...
5. На крај се прави сендвичот и се редат состојките по вкус (лепче, мајонез, сецкани домати, сецкано месо, сос од кромид, рукола, лепче).
Навистина е многу вкусно и се надевам ќе ви се допадне.