Солени сусам бомбички
Состојки
- 250гр солен кекс
- 100гр маргарин
- 100гр ситно мелена шунка
- 150 гр павлака
- 100гр подпечен сусам
- 1 лажица мајонез
Подготовка
Маргаринот се мати со павлаката и мајонезот. Кон изматената смеса се додава мелениот кекс, шунката и половина од подпечениот сусам. Се меша убаво и со модлички се прават фигури-залчиња. Тука јас употребив цедалка за лимон. Одлични за мезе и ордевери.
Одозгора се посипуваат со сусам.