Испечати

Овошен колач

Овошен колач

Состојки

  • 4 јајца
  • 15 лажици брашно
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици млеко
  • 15 зејтин
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 гр овошје по желба

Подготовка

Овој колач ни е омилен во фамилија, особено го обожава мојот сопруг. Се случува за еден ден да го снема. Подготовката е следна, во сад се матат јајцата со шеќерот. Кога ќе се добие убава хомогена смеса се додаваат останатите состојки и на крај брашното постепено лажица по лажица со тоа што се мати од споро до најголема брзина се содека не се измеша се убаво да нема грутчиња. Во правоаголно тавче се сипува половина од смесата и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 15мин. Одозгора се реди овошјето, јас користев замрзнати вишни, и врз него се посипува остатокот од смесата. Се враќа во рерна уште некои 20-25мин и се остава малку да олади па се посипува со шеќер во прав и се сече на коцки. Наздравје!