Мафини од тиквички со шери домати
Состојки
- 400 гр (2 средни) тиквички
- 3 јајца
- 100 мл млеко
- 70 мл масло
- 3-4 лажици масло за пржење на тиквичките
- 80 гр рикота или урда
- 80 гр пармезан
- 1 прашак за пециво
- 220 гр брашно
- по потреба сол и бибер
- За декорација
- 12 шери домати
Подготовка
Најпрво од тиквичките со ноже за лупење компири исечите 12 парчиња по должина и оставете ги на страна.
Останатите исцкајте ги на помали коцки и со 3-4 лажици масло испржете ги да омекнат. Потоа оставете ги да оладат.
Во сад со вилушка изматете ги јајцата, млекото и маслото. Потоа додајте го сирењето, брашното, пецивото, сол и бибер по вкус и на крај оладените тиквички. Измешајте ги да се изедначат.
Во калап за мафини наредете хартиени корпички.
Секое парче од оставените тиквички исечете го на половина, ставете ги по страните на корпичките и наполнете ги со смесата.
На секој мафин одозгора наредете по едно шири доматче.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин.
Печените мафини оставете ги да оладат и послужете ги со јогурт како појадок или вечера.