Ориз со свинско месо
Состојки
- 1 кромидче
- 1 морковче
- 300 гр свинско месо
- 1 чаша ориз
- 2 лажици црвен пипер
Подготовка
Кромидчето исечкајте на коцки, исто и морковот и ставете ги да се пржат.
Месото исечете го на коцки и додајте го кај кромидот да се пржи.
Кога ќе се испржи месото додајте ориз, нека се потпржи малку и на крај додајте црвен пипер. Сето истурете го во тепсија, ставете зачини и магдонос и
ставете го во рерна да се пече.
Добар апетит!