Испечати

Пелмени

Пелмени

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 300 гр мелено месо
  • 1 кромид

Подготовка

Здраво драги мои, сакам да споделам со вас со еден украински рецепт кој многу прават во Украина.

Месиме тесто од брашно со вода и сол.
Во меленото месо изрендајте кромид, посолете, додајте бибер и убаво промешајте.
Тестото расукајте го во кора, не многу тенка и не многу дебела, со чаша за ракија исечете кругчиња. На секое кругче ставете мелено месо, преклопете ги на пола и убаво залепете краевите.
На набрашната даска ставете ги залепените пелмени.
Додека ги лепите ставете вода да зоврие и подсолете ја.
Во зовриена вода ставете пелмени да се варат, пополека промешајте ги да не се залепат.
Кога ќе се кренат нагоре варете 7 минути и извадете со цеделка.
Сервирајте со коцка путер.
Мојата ќерка многу ги сака.
Пробајте,добар апетит!