Мохито сладолед
Состојки
- 500 мл слатка павлака
- 1 цеден зелен лимон
- 1 изрендана кора од зелен лимон
- 1/2 филцан свежо ситно исецкано нане
- 6 лажици кафеав шеќер
- 4 лажици бел рум
Подготовка
Еден малку поинаков сладолед.
1. Сокот од зелениот лимон се загрева на тивко. Во топлиот сок се става шеќерот да се растопи. Се додава изренданата кора од лимонот. На тоа се додава и румот и се остава на страна.
2. Слатката павлака се мати додека не стане цврста. Во неа се става изладената смеса од точка 1. Заедно се миксира и се додава нането (јас го исецкав многу, многу ситно). Дополнително се миксира 2 минути.
3. Ја ставаме смесата во апарат за подготвување сладолед 20 мин. (успева и без тоа ).
4. Се става во сад за замрзнување и во замрзнувач.
За декорација може врвовите на чашата да се поминат со кафеав шеќер и да се нароси врз самиот сладолед пред послужување.
Гранче нане и мало парче зелен лимон исто изгледа супер.
На здравје.