Тортички со крем сирење и јагоди
Состојки
- Основа
- 450гр. бисквити (мелени)
- 400гр. свежи урми (без семка)
- 60гр. растопен путер
- кора од лимон
- 1 лажица ванила
- 3-4 лажици вода (по потреба)
- Џем од јагоди
- 500гр. јагоди
- 5 лажици шеќер
- Крем
- 650гр. крем сирење
- 400гр. кисела павлака
- 5 полни лажици шеќер во прав
- 1 лажица ванила
- кора од лимон
- 2 пакетчиња желатин + 5 лажици вода
- Јагоди за декорација
Подготовка
Убав освежителен десерт, се надевам ќе ви се допадне. Веднаш да кажам дека дозата е поприличо голема, ми излегоа 36 тортички (во калап за мафини) и онаа од носечката слика, малку поголема (калапче со дијаметар 10см).
1. Прво подгответе го џемот. Во тава на оган ставете го шеќерот и оставете да се направи карамел. Потоа додадете ги јагодите исечкани на покрупни парчиња и оставете нека крчка додека не испари скоро целата течност, односно додека се добие густина како џем. Префрлете во чинија и оставете нека се лади.
2. За основата убаво со рака измесете ги сите состојки, додадете малку водичка доколку има потреба. Од смесата земајте колку за бомбица, расплескајте на рака и ставете на дното од хартиени корпици. Направете ги сите, за потоа да може што побрзо да го ставите кремот.
3. Во сад за матење ставете го крем сирењето и шеќерот во прав и матете убаво додека се добие мазна смеса. Потоа додадете ја и киселата павлака и ванилата и изматете да се спои. Желатинот растворете го со водата и оставете да набубри. Потоа растопете го во микро или на пареа. Во садот додадете го џемот од јагоди, желатинот и кората од лимон и изматете кратко за да се спојат сите состојки.
Наполнете ги корпиците и ставете во фрижидер да се стегнат барем 3 часа.
Од горе украсете со парчиња јагоди.
Добар апетит =)