Детски колачи
Состојки
- 2 јајца
- 2 филџани (125мл) шеќер
- 2 филџани зејтин
- 1/2 филџан млеко
- 1 пециво
- 1 ванила
- 450-500гр брашно
- прелив
- 200мл млеко
- 100гр шеќер
- 100гр кокос
Подготовка
Вкусни бисквитни колачиња кои се одлични за со млеко, кафе а може и да послужат како замена за бисквити во детски оброк.
Јајцата се матат со шеќерот и зејтинот со вилушка или жица па се додава млекото, брашното, пецивото и ванилата. Се меси меко мазно тесто и со помош на шприц или лажичка се прават формички. Тестото е помеко и рерната треба да биде загреана пред да се прават формите. Се печат 15-20 минути на 180(се зависи од вашиот шпорет)
Млекото и шеќерот се мешаат без загревање.
Колачите се ваѓаат од рерна и уште топли се залеваат. Со лажица полека се става врз секое колаче и потоа се валка во кокос. Јас ги правев за внукичката и затоа има и без и со кокос.
Ова се колачи кои брзо се прават и од состојки кои секогаш ни се наоѓаат дома.