Сок од бозел и лимета
Состојки
- 40 цвета бозел
- 4кг шеќер
- 4 литри вода
- 300 гр лимета
- 200 гр лимон
- 1/2 пакетче лимонтус
Подготовка
Лимонот и лиметата се рендаат се додаваат цветовите бозел, шеќерот и водата се меша убаво и потоа се истура и лимонтусот. Се остава 48 часа со повремено мешање потоа се цеди се собира во пластични шишиња. Доколку не се испие веднаш се замрзнува и кога сакате можете да си извадите. Овој рецепт во сезона кога има бозел го правам во 4-5 дози и си имам во секое време се надевам дека ќе ви се допадне.