Испечати

Лесна пита со праски

Лесна пита со праски

Состојки

  • Состојки
  • 200 гр. шеќер
  • 3 јаца
  • 125 гр. брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 2-3 праски

Подготовка

Ова е еден навистина лесен, едноставен, но и ефтин десерт баш за овие летни денови.

1. Најпрво се мати шеќерот и трите јајца.
2. Потоа, откако ќе се растопи шеќерот, додадете ги брашното, пецивото и ванилата
3. Сето тоа измешајте го и ќе добиете прилично густа смеса.
4. Оваа смеса нанесете ја во округла тава бр. 32 (или калап) која ќе биде претходно измачкана со масло или путер.
5. Врз смесата ги редиме исечканите праски (или некое друго овошје по избор).
6. Питата се пече 30тина минути во загреана рерна на 180 степени.
7. Готовата пита посипете ја со шеќер во прав или цимет.