Свинско месо со печурки во грне
Состојки
- 1 кг. свинска удина
- 2 главици кромид
- 500гр. маринирани печурки
- 200гр. кашкавал
- 2-3 суви црвени пиперки
- сол,црн пипер,зачини по вкус,ловоров лист
- масло по потреба
- 200мл. црно вино
Подготовка
Многу вкусно јадење за кое ќе ви треба чисто месо, значи пожелно е да нема мрсничко.
Најпрво исецкајте го кромидот и убаво испржете го. Месото прво кратко варете го, околу 30 мин.колку малку да е подсварено. Кога кромидот ќе се испржи, додадете го месото и пиперките. Пржете уште некоја минутка и потоа додадете ги печурките и зачините. Цела смеса претурете ја во тава, намрсете уште малку, турете го виното и турете од водата во која се вареше месото. Печете на 200 степени околу 45 мин.и кога ќе биди речиси готово ставете го одозгора ренданиот кашкавал и печете уште 10 мин. На здравје!!!