Испечати

Чоколадна торта со вишни

Чоколадна торта со вишни

Состојки

  • тесто
  • 3 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 125 гр растопен маргарин
  • 150 мл јогурт
  • 150 гр брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 1 лажица какао
  • фил
  • 300 гр вишни од компот
  • 300 -350 мл сок од компотот од вишни
  • 1 пудинг со вкус на чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица густин
  • 2 кеси бел шлаг
  • 200 мл млеко

Подготовка

Оваа торта драги мои пријатели ја правев пред 10 дена со повод за мојот постар 22 годишен син, за зборовите -мамо, готово јас исчистив се, ми остана уште Дипломската работа (инаку студираше на Државниот универзитет на Економски факултет- Скопје).
Па ете набрзина за тој ден да го почестам семејството со нешто вкусно, слатко се одлучив за оваа торта.
А на крај се надевам дека ќе направам вистинска славеничка торта.

Е ај сега како ја правев.
Прво се матат јајцата со шеќерот, се додаваат растопениот маргарин, јогуртот, какаото, пецивото, брашното.
Лесно се промешува и се истура смесата во силиконски калап да се печи.
Нека се излади убаво.
Сега внимателно одсечете го капакот на тортата и со лажиче извадете од внатрешноста.
Добиеното тесто изронете го низ прсти.
Во тенџере на оган ставете го сокот од компот, шеќерот, пудингот, густинот и варете до згуснување.
Додека е топло додадете го чоколадото да се растопи а потоа додадете ги и исчистените вишни.
Со вака добиениот фил наполнете ја тортата.
Сега се мати шлагот и се нанесува врз филот.
Обилно се наросува тортата со ронките тесто.

Многу вкусна и лесна торта,  мана е што не е многу голема и нема за наредниот ден.