Испечати

Свечена погача

Свечена погача

Состојки

  • 650гр. брашно
  • 1 пресен кавасец
  • 1 јајце
  • 75мл. масло
  • 50мл. јогурт
  • 350мл. млако млеко
  • малку сол
  • за фигурата горе
  • 5 лажици густин
  • 5 лажици брашно
  • вода по потреба
  • 1 јајце за премачкување на погачата
  • 150гр.маргарин за премачкување

Подготовка

Од прв поглед ме освои погачата, а колку многу е вкусна и мека ќе дознаете кога ќе ја направите. Најпрво зафатете го квасецот и оставете го да надојди. Потоа во сад ставете го брашното, квасецот, јајцето, маслото, јогуртот и постепено месејки додавајте го и млекото. Убаво измесете го и оставете го да надојди. Тестото покријте го со најлон и крпа одозгора за да не фати кора одозгора.
Стасаното тесто ставете го на набрашната површина и поделете го на три дела. Двата дела исти по големина, а третиот малку помал. Малиот дел и едниот поголем исучете ги, а од другиот поголем дел направете со рацете топче и ставете го во намресениот калап во кој ќе ја печите погачата. Од големиот дел исучете правоаголна форма и сечете 6 ленти со иста ширина, намачкајте ги со маргарин и свиткајте ги во ролни. Распоредете ги рамномерно околу тестото што ви е на средина во тавата. Помалиот дел поделете го на 4 дела и од секој дел сучете кругови, премачкајте ги со маргарин и редете ги еден над еден. Од сите исучете еден круг, премачкајте маргарин и сечете ленти од кои ке направите кифлина. Од тестото што ќе ви остани вишок направете форми по желба кои ќе ги распоредите околу погачата.
Оставете ја да надојди, а во меѓувреме од брашното, густинот и водата направете тесто и формирајте ја фигурата. Пред да се печи премачкајте ја со јајцето и ставете парчиња маргарин. Гроздот не го премачкувајте. Печете на 180 степени околу 40 мин. Бројот на тавчете во која ја печев погачата е број 26.