Мина и Мики роденденска торта
Состојки
- кора (се прават три кори)
- 7 белки
- 200гр шеќер
- 100 гр мелени печени ореви
- 1 лажица брашно
- фил1
- 1 литар млеко
- 3 пудинга од ванила
- 6 лаж брашно
- 150 гр шеќер
- 21 жолчка
- 250 гр маргарин
- 2 изматени шлаг крема
- фил2
- 1 литар млеко
- 300 гр лешник карамели
- 4 пудинга од ванила
- 100 гр млечна чоколада
- 200 гр маргарин
- уште
- 300 гр црна млечна чоколада со лешници
- 300 гр бела млечна чоколада
Подготовка
Ова беше роденденската торта на моите малечки. Ова се состојки за една торта, а ние секако правевме две.
Најпрво за кората се матат белките со шеќерот во цврст шам, се додават лешниците и брашното. Се пече кората на 180 степени околу 20 минути. Се прават 3 вакви кори.
За филот 1
Млекото се става на оган (малку се остава на страна) со шеќерот. Жолчките се матат, им се додава пудингот, брашното и млекото. Смесата со жолчки се истура во млекото што врие и се вари крем. На изладениот крем се додава претходно изматениот маргарин и изматените шлаг креми. Овој крем се дели на половина и во едниот се додава црната млечна чоколада, а во другиот белата
За вториот фил се става млекото заедно со карамелите на тивок оган да се стопат. Пудинзите се разматуваат со малку млеко и се вари крем со млекото. На изладениот крем се додава изматениот маргарин и растопена млечна чоколада.
се филува тортата без накој посебен редослед,се премачкува целата фо фил и се декорира со фондан.