Тесто за полнење - knish
Состојки
- Тесто
- 2,1/5 чаша брашно
- 1 лажичка пециво
- 1 лажичка сол
- 2 јајца
- 1/2 чаша зејтин
- 1/2 чаша млака вода
- Фил
- 100 гр. мелено месо
- 150 гр. кпире
- 1 помала главица кромид
- 2 чешниња лук
- на вкус сол, бибер и зув зеленчук
- За премачкување
- 1 јајце
- 1 лажичка зејтин
Подготовка
Ова е тесто за полнење - Еврејски рецепт. Филот секогаш можете да го смените, да полните со фил кој вие го сакате. Мими ги правеше и препорача, јас веднаш до неа. Знам дека Еврејските рецепти се интересни и невообичаени за нашето поднебје, а секогаш сакам да вкусам нешто ново.
Вкусни-вкусни...
Тестото мераци, овој фил уште повеќе ....
Постапка
Чашата е од 250 мл.
- Во брашното додајте го прашокот за пециво и солта и измешајте.
- Во друг сад ставете јајцата и лесно сматете ги, додадете го зејтинот и млаката вода. Направете вдлабнатина во брашното и полека додавајте од изматеното јајце измешано со водата и зејтинот. Замесете го тестото во садот, а на работната површина домесето го месејки го околу 5-6 минути. Вратете садот, покријте и оставете да се одмори околу 1 час.
- Додека тестото се одмара, вие направете го филот. Сварете компирот и направете пире.
- Во тава ставете ситно насецканиот кромид и лукот, додадете месото и пржете, зачинете. Оставете до олади за да потоа го измешате со пирето од компирот.
- Извадете го тестото на работната површина која ќе ја посипете со брашно, расукајте четвртаста кора колку што можете потенко. Не плашете се, нема да пукне, многу убаво се сука, податливо тесто за работа - од мерак.
На крајот од пошироката страна ставете го филот и замотајте ја кората како ролат. Сега поделете го тестото стискајки го на места кои вие ќе ги одредите колку да бидат големи - личи како на колбасите. Од не знаење како да ви го објаснам погледнете ја сликата.
- Отсечете ги краевите на кората и добро стиснете ги да се затворат. Како сте ги определите парчињата, така отсекуавјте. Затворете ги страните притиснувајки го тестото, исправете нека стои, а одозгора ќе го затворите така што со прст неколку пати ќе притиснете навнатре. Лесно и едноставно.
Редете во ростер тавата, премачкајте со едно јајце кое сте го лесно сматиле додавајки и малку зејтин и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин, односно додека не добијат убава боја.
Направив, почнав да сликам, времето страшно лошо, па затоа ќе остане да нема пресек. Мислев ќе подзасолнам барем едно и да нареден ден сликам, но од моето мислење ништо... се изедоа!
Вкусни-вкусни...
Забелешка
Значи навистина треба да се расука во што е можно потенка кора, таа дури лесно и се тегни.
Ако ваквото оформување ви изгледа потешко, тогаш расуканата кора исечете ја на пошироки траки, ставајте од филот и мотајте ги, слино некако како кога се мота клопче со волница. Кога ќе дојдете до саканата големина пресечете го тестото и пак повторувајте се додека не се потроши. Има повеќе начини за ова полнење по Еврејски... или по нивно тесто кое го нарекуваат knish