Кремаста црно бела торта
Состојки
- За трите кори
- 12 белки
- 150 гр сецкани ореви
- 300 гр шеќер
- 9 супени лажици брашно
- 1 пециво
- За двата фила
- 12 жолчки
- 12 супени лажици шеќер
- 12 супени лажици густин
- 150гр бело чоколадо
- 1 литар млеко
- 200 мл вода
- 100 гр сецкани ореви
- 100гр кршени бисквити
- 250гр маргарин коцка
- 150гр црно чоколадо
Подготовка
Обожавател сум на торти подготвени на секаков начин, но кремастите ми се омилени. Ова е една од тие торти за тие што обожаваат многу фил. Начинот на подготовка е следен
4 белки се матат со 100 грама шеќер убаво да биде пенесто, потоа се додаваат 50 грама сецкани ореви, 3 супени лажици брашно и малку пециво се пече додека на чепкалката нема остаток од тесто. Се прават 3 исти кори
фил
Млекото и шеќерот се ставаат да почнат да вријат, а жолчките, густинот и водата се матат со миксер да нема грутчиња и се истура во млекото што врие и се вари крем додека згусне. Филот веднаш се дели на 2 дела и во првиот дел се става 100 гр. бело чоколадо, а во вториот 100 гр црно чоколадо и се меша убаво да се растопи чоколадото. Откога ќе се излади се додава по 125 гр маргарин и се мати со миксер.
Во првиот дел од филот со бела чоколада се додава 50 гр сецкана црна чоколадо, 50 гр кршени бисквити и 50 гр сецкани ореви и се меша убаво. Во вториот дел од филот со црна чоколада се додава 50 гр сецкано бело чоколадо, 50 гр кршени бисквити и 50 гр сецкани лешници.
Се филува по по следниот редослед-кора фил бел фил па црн фил, кора бел фил, црн фил и се завршува со кора. По желба се декорира јас си оставив од црниот и од белиот фил по неколку лажици пред да ги ставам оревите и плазмата и чоколадото и со тоа ја премачкав цела торта, но можете и со слатка павлака или шлаг крем. Се надевам ке ви се допадне тортата.
Пријатен апетит !!!