Видео рецепт: Мекиците на попадиката
Состојки
- За ТЕСТО ви треба:
- 500 гр. брашно
- 4 лажици трици
- 4 чешниња лук
- 4 лажици сусам
- 1 лажичка сол
- 1 сув квасец
- 350 мл. млака вода
- Ќе ви треба и:
- масло за пржење
Денес ќе готвиме заедно со Теофанија, готвач член на нашата веб-страница. Теофанија ќе подготви еден од нејзините рецепти, Мекиците на попадиката.
Збогатен рецепт за мекици, со лук, сусам и пченични трици. Бидејќи е рецепт од една попадика, го оставивме и името Мекиците на попадиката!
Подготовка
Чекор 1: Лукот излупете го и убаво истолчете го. Ако немате свеж, може да употребите и лук во прав. Од сите состојки, со постепено додавање вода, замесете меко тесто. Може да ставите и повеќе трици или сусам, по желба.
Направете топчиња и оставете ги да нараснат. Ние направивме 15 мекици.
Чекор 2: Со намрсени раце, секое топче развлечете го во форма на мекица. Пржете ги во врело масло на средна температура. Додека се пржи со лажица прелевајте масло врз горниот дел од мекицата за убаво да нарасне.
Чекор 3: Сервирајте ги со урда или сирење, или пак, со пинџур ако постите.
СОВЕТ: Пробајте ги, веруваме дека ќе добиете идеја и за други додатоци кои можат да го збогатат вкусот на мекиците!