Испечати

Коцки со три фила и чоколадо во прав

Коцки со три фила и чоколадо во прав

Состојки

  • 500гр. бисквити
  • 1500мл. млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 4 лажици густин
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 2 пудинзи од јагода
  • 150гр. путер
  • 300гр. шеќер
  • 250гр. слатка павлака
  • за натопување на бисквитите
  • 300мл. млеко
  • 5 лажици чоколадо во прав

Подготовка

Овај роденден наместо торта решив да послужам коцки. Брзи непечени коцки со три фила кои брзо се прават.
Пудингот од ванила заедно со густинот и 100 гр.шеќер сварете ги во 500мл.млеко и додадете 50 грама путер. Оставете ги да се изладат.
Истото направете го со пудинзите од чоколадо и 100 гр.шеќер заедно со 500мл.млеко и 50 грама путер.
И давата пудинзи од јагода сварете ги со 100гр.шеќер и остатокот од млекото и 50 гр.путер.
Сите три фила изладете ги. Еден ред бисквити натопете ги во млекото со чоколадото во прав. Над нив намачкајте го белиот фил, пак наредете натопени бисквити, црн фил и на крај уште еден ред натопени бисквити и филот од јагоди. Наредете уште еден ред бисквити и над изматената слатка павлака. Украсете по желба.