Мини палачинки од тиквички
Состојки
- 1 јајце
- 5-6 лажици брашно
- 1 кромид
- 2 кругови шунка, сол зачин и црн бибер
- 1 средна тиквичка
Подготовка
Тиквичката ја рендаме, исто и кромидот. Шунката ја сецкаме ситно и мешаме заедно со брашното, јајцето, тиквичката и кромидот. Бидејки смесата е погуста, јас прво ги правев во тава за палачинки, но бидејки некако живи одвнатре ми изгледаа, пак ги пржев во врел зејтин,важно формата си остана во вид на палачинка. Ставив малку павлака одозгора, можете со што сакате да ги комбинирате.