Црно бела шарлота
Состојки
- Пандишпан
- 3 1/2 готов ролат
- Бел фил
- 1л млеко
- 10 лажици шеќер
- 100гр густин
- 200гр маргарин
- 1 шлаг пена
- 100мл млеко
- Црн фил
- 3 јајца
- 200гр шеќер
- 2 чоколада
- 250гр маргарин
- 1 лажица екстракт од ванила
- Декорација
- 2 шлаг пени
- 200мл млеко
Подготовка
1. Бел фил
Од 1л млеко одвојуваме 100мл, а останатото го ставаме во тенџере на оган со 10 лажици шеќер. Во 100мл млеко го додаваме густинот и соединуваме, па од како млекото и шеќерот ќе почнат да вријат го додаваме густинот и мешаме додека смесата не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го оставаме да се излади. Маргаринот пенасто го матиме и го додаваме во оладениот фил и матиме со миксерот да се соединат. 1 кесичка шлаг пена ја матиме со 100мл млеко и ја додаваме во филот и матиме со миксер многу кратко на најмала брзина да се соедини или промешуваме убаво со лажица.
2. Црн фил
Црниот фил го видов од бети1, го има овде, и го направив истиот. Значи одделете ги жолчките од белките. Жолчките изматете ги со шеќерот на пареа додека се згусти смесата и почне да се прави пат. Додадете го изренданото чоколадо, мешајте додека се растопи и тргнете настрана за да се олади. Изматете го пенасто маргаринот и соединете го со оладените жолчки и чоколадо, изматете ги и белките во цврст шам и нив исто така додадете ги во кремот со путер и на крај додадете го ванилиниот екстракт.
3. Поголем сад обложете го со проѕирна фолија и редете ги претходно исечени ролати, кој јас малку ги потопував во млако млеко. Потоа ставете половина од белиот фил, па малку ставете во замрзнувач да се стегне филот за да не се спои со црниот, потоа додадете го црниот фил и на крај другата половина од белиот фил и врз него наредете ги исечените ролати. Оставете во замрзнувач да се стегне убаво и потоа декорирајте со шлаг пена и прелив.