Какао мус
Состојки
- 1 шолја од 300мл чоко-корнфлекс
- 1/2 децилитар вода
- 2 децилитри млеко
- 10 лажици кафен шеќер
- 1/4 маргарин
- 1 супена лажица крем
- 6 полни супени лажици какао
- цимет за арома
- 2 супени лажици коњак
Подготовка
Денес ќе ве почестам со мојот најнов рецеп кој е многу лесен за подоготовка и е многу вкусен. Како голем љубител на какаото и циметот се одлучив да направам еден пресврт во светот на мус задоволствата и да се препуштам на мојата фантазија.
Најпрво во блендер се меле корнфлексот, потоа во тенџере се додава водата и 5 лажици од шеќерот. Откако ќе се стопи шеќерот, се додава млекото, се промешува и се додаваат останатите 5 лажици шеќер. Кога ќе почне да зоврива млекото, се трга од оган и се додава маргаринот. Се меша се додека не се растопи маргаринот, откако целосно ќе се стопи се враќа на тивок оган. Во тенџерето, прво се додава кремот, се меша додека не се растопи, а потоа се додава какаото и се промешува. Се остава да се свари какаото. Кога ќе се свари, се трга од оган и се додава мелениот корнфлекс. Се промешува. На крај, се додава коњакот и убаво се меша целата смеса додека не стане мазна и соединета. Се додава цимет за да ја збогати аромата.
Се посипува во декоративни чаши или чинии и се наросува со овесни мусли и сува брусница. Се става во фрижидер да се излади 2-3 часа.
Слатка уживанција! .