Тестенини со афион
Состојки
- 250 гр. резанци
- 1/2 л. млеко
- 250 гр. шеќер
- 250 гр. мелен (толчен) афион
- 50 гр. суво грозје
- 1 ванила
Подготовка
Времепловка.... мајка ми најчесто макарони ни вареше вака. Ми се чини дека секој ова не го јаде, пелтето и вака спреманите макарони ни беа најчест десерт...штом е благо, ние не наоѓавме маана, ќе јадеме и веднаш надвор да играме Челик-Чамак или Пира....
Можеби и кај некој од вас ќе предизвика љупобитност, а тој што го сака афионот - повеќе од сигурна сум дека ќе му се допадне.
- Сварете ги резанците според упатството.
- Измешајте го во млекото афионот и ставете на тивко да се вари околу 15-20 мин. Потоа додадете го шеќерот, ванилата и сувото грозје. Продолжете да го варите стално пробркајувајки го да не ви загоре. Готово е кога ќе е прилично згуснато. Прелијте го слаткиот прелив преку резанците - измешајте и служете.
Совет
Овој прелив може подолго време да стои во фрижидер, а тестенината да ја варите според потребата.