Испечати

Солени мафини со морков и магдонос

Солени мафини со морков и магдонос

Состојки

  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 100 мл јогурт
  • 1 пециво
  • 9 лажици брашно
  • иста мерка (по 1 среден филџан) за следниве состојки
  • сецкан морков, салама, кашкавал, сирење, магдонос

Подготовка

Најпрво на мали коцки се сечкаат шунката, кашкавалот, морковот, сирењето и магдоносот.
Потоа се матат јајцата со солта и се додаваат останатите состојки.
Се' се меша убаво со шпатула, смесата да се изедначи од сите состојки и се истура смесата во калапи за мафини, обложени со хартија за печење или во хартиени корпи.
Се печат на 180 степени околу 30 минути.

Брзо вкусно мезе, а може со чаша јогурт да помине и како добар доручек.
Често пати ставам и семки од тиква, сончоглед, лен....изборот е ваш за додатоци