Испечати

Њоки во сос од црвени домати

Њоки во сос од црвени домати

Состојки

  • 1 кгр црвени зрели домати
  • 30 мл маслиново масло
  • 1/2 лажиче шеќер
  • сол, бибер, оригано, магдонос
  • за њоки
  • 3 средни варени компири-пасирани
  • 1 жолчка
  • 1/4 лажиче морско оревче
  • 70 гр брашно
  • 1/2 лажиче сол

Подготовка

Прво се ставаат излупените, рендани домати во тенџере заедно со зачините и се крчкат на тивко, до саканата густина.Пред крај се додава маслиново масло.
За њоките во вангличка се замесуваат сите состојки, се формираат ремени, на набрашнета маса, па се сечат на парчиња долги 2-3 сантиметри и се ставаат во тенџере со врела вода.
Сварени се кога ќе испливаат на површината.
Се вадат со лажица решетка во тањир.
Од доматниот сос се сервира во тајнир, а врз него се редат њоки.
По желба се наросуваат со рендан пармезан.