Лингвини со ракчиња и рукола
Состојки
- 500 гр. лингвини(или друга тестенина)
- 400 гр. ракчиња
- 2-3 чешниња лук
- 1 чили пиперче (свежо или сушено)
- 500 мл. павлака за готвење
- 1 лимон
- по вкус рукола
- 1 лажица путер
- 2 лажици маслиново масло
- по вкус пармезан
- по вкус сол, бибер
Подготовка
Ова е еден од начините на кој јас ја спремам тестенината.
1.Тестенините се варат според упатството од кесичата.
2. Околу 2-3 мин. пред времето предвидено за готвење, се истура водата во која се вареле тестенините (се зачувува 1 чаша) и се додава павлаката, зачуваната вода малку по малку колку што е потребно за да се направи кремаст сос, сол и бибер по вкус, 2-3 лажици рендан пармезан и се доварува. Кога е при крај, се додава сосот со ракчињата.
2. За сосот, најпрво се загрева маслиновото масло и путерот па се додаваат насечканите лукчиња. Штом ќе замириса лукчето се додава чили пиперката (јас немав свежа па додадов сува) потоа ракчињата и се пржи колу 3-4 минути (моите ракчиња беа замрзнати, претходно проварени, ако имате свежи уште поубаво само што треба да го прилагодите времето на спремање). На крај се додава исцеден сок од еден лимон и се зачинува со сол и бибер по вкус.
4. Вака приготвените ракчиња се додаваат кон тестенината, заедно се варат уште околу половина минута и на крај се додава руколата (отприлка една до две китки) .
5. Тестенините се служат обилно посипани со пармезан, свежо мелен бибер, лимон...или по вкус.