Испечати

Песто од тиквички

Песто од тиквички

Состојки

  • 400 гр. тиквички
  • 1 кромид средна големина
  • 2 чешниња лук
  • неколку лажици маслинов зејтин
  • 3 лажици рендан пармезан
  • 2 лажици мелен бадем
  • неколку листови босилек, мајоран,
  • на вкус сол, бибер

Подготовка

Во сезоната на тиквичките, пробајте да си направите Песто кое е одлично со тестенините.
 
- Кромидот ситно исецкајте го и малку продинстајте на маслиновиот зејтин. Додадете ги на коцки исечените тиквички и продолжете да динстате додека не омекнат и пуштат вода. Додадете го ситно сецканиот лук и заедно уште малку нека динста - колку лукот да замириса. Оставете да се олади.
- Мешавината од тиквичката ставете ја во процесорот, додадете босилок или мајоран, мелените бадеми, ренданиот пармезан, едно чешне лук, 5-6 лажици маслиново масло (доколку сакте да е пикантно додадете чили), сол, бибер  и се заедно измиксајте да добиете крем. Ако е потребно додадете уште малку зејтин за да имате густа крема.
Топло ви го препорачувам ова Песто...со тестенините од мераци е,