Мафини со кокос и фил
Состојки
- 2 јајца
- 150гр. шеќер
- 1 пециво
- 100мл. млеко
- 6 лажици масло
- 4 лажици кокос
- 150гр. брашно
- за филот
- 1 пудинг од ванила
- 300мл. млеко
- 6 лажици шеќер
- 50гр. путер
- 6 лажици бел крем
- 2 кесички шлаг пена
Подготовка
Мафини брзи и лесни за спремање, погодни за секоја прилика. Има многу рецепти за мафини,а еве еден и од мене.
Јајцата избијте ги пенесто заедно се шеќерот, додадете го брашното, пецивото, маслото и млакото млеко. Матете уште малку и додадете го кокосот. Печете на 180 степени околу 20 мин. Во меѓувреме направете го филот. Пудингот измешајте го со шеќерот и додадете го млекото. Варете додека да се згусти и потоа изладете го. Ладен избијте го со путерот и еурокремот. Филовајте кога ќе се изладат и над филот ставете го шлагот.