Суви пиперки со печурки и мелено месо
Состојки
- 14 суви пиперки
- 500гр мелено месо
- 250гр свежи печурки
- 130гр ориз
- 500 мл доматен сос
- масло, зачин
- 1 главица кромид
- 1 супена лажица црвен пипер
Подготовка
На пиперките им се вадат рачките и семето и се ставаат во врела вода да омекнат за да можат да се полнат. Кромидот ситно се сецка и се пржи, потоа се додаваат и сецканите печурки да се пропржат, се додава и меленото месо. Кога е испржено и меленото се додава оризот и црвениот пипер и се зачинува во вкус. Со овој фил се полнат пиперките и се редат во тавче преку нив се попрскува масло и сос од домати се истура врз нив и се остава да се печат. Ако ви е малку доматен сос додадете и малку вода да се покријат пиперките.
Пријатен апетит !!!!