Ќофтиња од тиквички и морков
Состојки
- 1 тиквичка
- 2 моркови
- 1-2 земички
- 1-2 јајца
- 1/2 лажичка црн бибер
- 1 лажица сенф
- 150гр урда или сирење
- 1 лажичка зачин
- 1 млад компир
Подготовка
Тиквичката се лупи и се ренда на ситно. Исто се постапува и со морковот. Кон нив се додава урдата или ситно рендано сирење. Земичките се потопуваат на кратко во вода и убаво се цедат, па се ронат и се додаваат кон смесата. Се додава и јајцето и компирот и зачините и убаво се меша, се соединува. Со лажица се зема од смесата, се обликува на рака и се пржат ќофтиња на врел зејтин.
Вака подготвени тиквичките се многу вкусни и може да послужат и за мезе. Во комбинација со салата имајте убав и пријатен лесен оброк.
Во зависност од тоа дали користите сирење или урда комбинирајте ја солта. Ако тиквичката е поголема и смесата потечна додајте ги двете земички.