Кременадли со сенф и соја сос
Состојки
- 2 кременадли
- 2 полни лажици сенф
- 1 неполна лажичка куркума
- 1 филџан(од 100мл) соја сос
- 1 помало парче свеж ѓумбир
- 3 моркови
- по потреба мешан сув зачин, црн бибер, маслиново масло
- по потреба топла вода
Подготовка
Сенфот измешајте го со мешан сув зачин, куркума и црн бибер и премачкајте ги кременадлите.
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Ставете ги кременадлите и пропржете ги од двете страни.
Потоа додајте го соја сосот и намалете го огнот на најтивко.
Откако ќе провријат со соја сосот налејте малку топла вода.
Додајте го ренданиот ѓумбир и морковот исечен на кругови.
Покријте ја тавата со капак и оставете да се готви на тивок оган.
Повремено превртувајте ги кременадлите и налевајте топла вода.
Послужете ги со свежа салата, во мојот случај со салата од свежи краставици.