Испечати

Тестенина со морски плодови

Тестенина со морски плодови

Состојки

  • 500 гр шпагети
  • 500 гр. морски плодови
  • 500 гр. домати
  • 1 конзерва пелати
  • 1 помала главица кромид
  • 6-7 чешниња лук
  • 60 мл. бело вино
  • 2 ракатки магданос
  • 100 гр. маслинки
  • 1 ловоров лист и малку рузмарин
  • 60 мл. маслинов зејтин
  • на вкус сол, бибер

Подготовка

Класичен рецепт - ништо ново, но секогаш вкусно.
 
- Во касеролата ставете половина од зејтинот, две чешниња лук и нека се лесно запржи, кога малку ќе порумени лукот додадете го ситно исецканиот кромид, продолжете на тивок оган да го пржите додека постане стаклест.
- Додадете го во него излупениот на коцки исечен домат, продинстајте го сето ова заедно, додадете го сега и доматот од конзерва - пелатот кој исто така сте го исечкале, посолете на вкус и додадете ги маслинките. Доколку сакате луто тогаш додадете чили. Нека продолжи на тивко да крчка и да се динста.
- Додека се динста во друга касерола ставете ја втората половина од зејтинот, додадете овде 2 чешниња од лукот кој исто така сте го исечкале, нека се запржи лесно по што ќе ги додадете морските плодови и оставете да крчкаат. Посолете ги и нив, додадете го овде ловоровиот лист и рузмаринот, белото вино и оставете нека крчка уште некоја минута - 5-6 мин.
- Сега содржината од морските плодови додадете ја во касеролата од доматите, ставете го исечканиот магданос, преку преса истискајте го остатокот од лукот, вратете на огнот и нека прокрчка 2-3 минути. Во оваа касерола сега додадете ги веќе сварените ал денте шпагети или друга тестенина.
Уживајте.