Колач со шербет од слатко
Состојки
- пандишпан
- 5 јајца
- 6 лажици шеќер
- 120мл зејтин
- 120мл млеко
- 50гр какао
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- фил
- 100гр урми
- 300гр бисквити
- 100гр чоколада за готвење(црна)
- 250-300мл шербет од било кое слатко
- 100мл млеко со три лажици рум за полевање на пандишпанот
- малку џем од смокви и банана
Подготовка
Подготовката на слатко е неибежен дел од мојата кујна. При подготовка на слатко секогаш ми останува шербет кој го ставам во тегли и го користам во текот на целата година. Најчесто го ставам на сувиот пандишпан или за засладување на кафе или чај. Еве еден пример како може да подготвите интересна торта.
Подготовка
1. На почеток ги делиме белките од жолчките кои ги матиме со по три лажици шеќер. Во жолчките ги додаваме млекото и зејтинот и полека со шпатула мешаме.
2. Во друг сад заедно ги мешаме какаото, брашното и прашакот за пециво. Полека оваа сува состојка ја додаваме во жолчките и полека мешаме.
3. Во белките ја додаваме смесата со жолчки и повторно со шпатула мешаме пополека.
3. Смесата ја сипуваме во мала ростер тава и печеме половина час на 180 степени.
4. Кога пандишпанот е изладен го полеваме со малку млеко и рум.
Подготовка на фил
1. На урмите им ги одстрануваме семките и ги сечкаме.
2. Бисквитите ги мелеме и ги ставаме заедно со урмите.
3. Чоколадата ја топиме и исто ја додаваме во бисквитите и полека додавајки го шербетот замесуваме густ фил.
4. Филот го ставаме врз кората и оставаме да се излади неколку часа во фрижидер.
Декорирав со банана и џем од смокви.
Шербетот може да биде од било кое слатко во овој случај е од слатко од зрели смокви.
Добар апетит!!!