Пита мастеница
Состојки
- 700-800гр брашно
- 1 кесичка сув квасец
- 1 јајце
- 200мл кисело млеко
- 150мл млака вода
- 1 лажица сол
- фил
- 250гр сирење или урда
- 2 јајца
- 200гр свинска маст
Подготовка
Во подлабок сад се меша брашното со квасецот. Киселото млеко се меша со топлата вода и се замесува тесто. Се додава и јајцето и сол и 2-3 лажици зејтин. Се меси додека се добие убаво воздушесто тесто и се остава тестото да одмори 10 минути. По 10 минути тестото се изработуива и се дели на 10-12 топчиња. Секое топче се изработува посебно и се редат во подмачкана тепсија да одморат 30-40 минути.
Маста се загрева да се стопи и да може да се работи со неа. Значи одприлика да биде топла колку вода за замесување со цел да се загрее тестото.
Се зема едно топче се става во топлата маст и се развлекува на раце во големина на тепсијата во која ќе се пече. Се реди едно развлечено топче, па второ и фил. Така се постапува со сите топчиња и на крај питата се попрскува со маст и се пече околу 40 минути на 180 степени. Печењето зависи од рерната затоа времето може да се скрати или продолжи.
Јас смесата ја поделив во две тепсии за питата да биде потенка. Едната со сирење, а другата со праз.