Меден лосос со портокал
Состојки
- 1 кг лосос
- 3 портокали (исечени во кругови)
- за маринирање
- 2 лажици мед
- 1 лажица сенф
- 2 лажици цеден лимон
- 1 лажица цеден портокал
- 6 лажичиња зачин за риба
- 1 лажиче сув лук (може и сецкан свеж лук)
- 1 лажиче босилек
- 1 лажица маслиново масло
Подготовка
Во еден сад се мешаат состојките за маринирање. Парчињата лосос се премачкуваат и оставаат да постојат подготвени (истото може и со цела риба). Се вклучува рерната на 200 степени. Се зема тавата во која ќе се подготвува рибата. Се премачкува со маслиново масло и се ставаат парчињата лосос. Врз нив се става портокал. Се покрива со фолија и се става на печење. По 15 мин се вади фолијата и се остава да се испече. Резултатот е здрав карамелизиран лосос.
На здравје.