Испечати

Канелони со мелено месо

Канелони со мелено месо

Состојки

  • 250гр. канелони
  • 400гр. мелено месо
  • 200гр. маринирани печурки
  • 50мл. бело вино
  • 1 главица кромид
  • 500мл. доматно пире
  • сол,црн пипер,оригано по вкус
  • за бешамел сосот
  • 10гр. путер
  • 2 лажици брашно
  • 300мл. млеко
  • малку сол
  • за прелив на канелоните
  • 3 јајца
  • 200гр. рендан кашкавал

Подготовка

Тестенини, не знам дали постои човек на планетата што не ги сака, дали се шпагети, канелони или макарони сеедно важно да се тестенини.
За овие цевчиња (така ги вика син ми) ќе ви треба малку време да ги подготвите, а уште помалку да ги изедете.
Најпрво кромидот ситно исецкајте го и испржете го на малку масло, потоа додадете го месото и зачините. Од доматното пире одделете неколку лажици и ставете во месото. Пржете уште некои 5 минути и ставете ги печурките. Пред да го извадите филот налејте го и виното и уште малку пржете.
Во друг сад настрана ставете го путерот и кога ќе се растопи ставете го брашното и пржете додека не добие златна боја. Додадете го и млекото и мешајте постојано за да не ви се направат грутчиња.
Канелоните немојте да ги полните веднаш со филот додека е жежок бидејки ќе ви испукаат, оставете малку да се излади. Со мало лажиче полнете ги канелоните исправено, а потоа малку и притиснете го филот за да не ви излезе при печењето. Во тавата во која ќе ги печите прво ставете малку масло, па неколку лажици од бешамел сосот и половина од доматното пире, а потоа наредете ги канелоните.
Над канелоните пак ставете малку масло и бешамел сосот и доматното пире што ви остана. Печете ги на 200 степени прво 10 мин, потоа превртете ги од другата страна и печете ги уште 15 мин. Пред да бидат готови потурете ги со матените јајца и кашкавалот и оставете ги во рерната уште некоја минутка. Ако не ги сакате јајцата изоставете ги,ставете само кашкавал.Пријатно јадење!!!