Испечати

Интегрални мафини со крем сирење

Интегрални мафини со крем сирење

Состојки

  • За тесто
  • 200 гр. интегрално пченично брашно
  • 200 гр. бело брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол (или по вкус)
  • 4 лажици сецкан магдонос (или билки по вкус босилек, копар..)
  • 125 мл. масло
  • 250 мл. јогурт
  • 2 јајца
  • За полнење
  • 100 гр. крем сирење
  • 2 лажици ситно сецкана шунка
  • 100 гр. фета сирење

Подготовка

Рецептот е навистина едноставен и брзо се приготвува.
1. Најпрво се спрема полнењето од крем сирење така што убаво се меша со фетата и ситно сецканата шунка (јас овој пат користев готово крем сирење со шунка, ама повкусно е со сецкана шунка). Од смесата се прават 12 мали топчиња и се оставаат во фрижидер додека се спрема тестото.
2. За тестото посебно со лажица се мешаат сувите, посебно водените состојки и едните се додаваат кон другите. На крај во смесата се додава сецканиот магдонос.
3. Убаво се меша и со по една лажица од смесата се полнат 12 хартиени корпици ставени во калап за мафини.
4. Во секоја корпица се става по едно топче од крем сирењето и се дополнува со тестото.
5. Наполнетите мафини се посипуваат со сусам и се печат на 180Ц околу 25 мин.