Солен ролат со спанаќ
Состојки
- За кора
- 6 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 10 лажици брашно
- 1 пециво
- 1/2кг. спанаќ
- За фил
- 200гр. шункова салама
- 200гр. сирење
- 1 мала (180-200гр.) павлака
- 6 лажици мајонез
- За одозгра
- малку павлака
- малку сирење
- малку сусам
Подготовка
На сите добро познат и пробан.
Ова е рецептот и начинот на кој го подготвувам јас.
Се матат белките со солта во цврст снег. Им се додаваат жолчките една по една со постојано матење. Се додава брашното помешано со пецивото. На крај, мешајќи со лажица се додава претходно обарениот спанаќ.
(Спанаќот се чисти, се мие, се ситни со кинење, се обарува, се процедува, па пропржува на тава, но без масло, со цел само водата да испари. Се остава да излади.)
Се печи на 180 Ц. степени 20 мин., во претходно загреана рерна-5 мин. на 200 степени. Кога е испечена се става помеѓу две влажни кујнски крпи.
За филот саламата ситно сецка, сирењето се пасира со вилушка. Павлаката и мајонезот се соединуваат мешајќи со лажица, па им се додава саламата и сирењето. Убаво се соединува смесата. Се нанесува по цела површина на кората и убаво стегнато, се витка ролат. Се завиткува во фолија за свежо или пак алуминиумска и се става во фрижидер да отстои, да се стегни.
Потоа се премачкува со павлака и наросува со рендано сирење на ситната страна од рендето и пропржен сусам на тава без масло.
Го обожаваме!
На здравје!