Испечати

Таљатели со песто од спанаќ и индиски ореви

Таљатели со песто од спанаќ и индиски ореви

Состојки

  • 1пакување таљатели
  • 250гр. спанаќ
  • 50гр. индиски ореви
  • 200 гр. фета сирење
  • 100мл. натурална павлака
  • 2 чешниња лук

Подготовка

- Таљателите ги вариме во посолена вода. Јас лично ги сакам сварени „ала денте“ а не преварени, тогаш ми се премногу меки. Од Мои Рецепти научив дека секогаш кога сакаме да доминира сосот во тестенините, секогаш користиме таљтели, бидејќи така земаме повеќе од него.
- На загреана тава ги ставаме натуралната павлака и фета сирењето и мешаме додека состојките не се изедначат. Посолуваме и го додаваме црниот бибер.
- Изчистениот и измиен спанаќ заедно со 3 големи лажици маслиново масло и лукот ги пасираме (или корисиме блендер). Кога ќе се добие еднолична смеса, ги додаваме и исецканите кашу (индиски оревчиња).
- Пестото од спанаќ го мешаме со смесата од павлака и сирење и таљателите.
Послужете и уживајте.

Јас декорирав од страна со манго и кашу, но овој оброк има прекрасни бои, што декорација не му е потребна.