Испечати

Колач со пудинг од лимон и кисела павлака

Колач со пудинг од лимон и кисела павлака

Состојки

  • 4 јајца
  • 200гр. шеќер
  • 1 пудинг од лимон
  • 400гр. брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 200гр. путер
  • кора рендана од лимон
  • 150гр. кисела павлака
  • за прелив на колачот
  • 50гр. шеќер во прав
  • 1/2 цеден сок од лимон
  • 50гр. бело чоколадо

Подготовка

Многу мек и миризлив колач, кој и по два дена не губи од својата мекост, а ако не го сакате пудингот од лимон, заменете го со пудинг од ванила.
Колачот е многу едноставен и брз за спремање. Најпрво шеќерот избијте го со путерот и потоа постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Кога ќе се избие убаво додадете ја и киселата павлака. На крај ставете го брашното измешано со прашокот за пудинг, пецивото и кората од лимон. Печете во каков сакате по облик калап околу 40 мин.на 180 степени. Кога ќе биди ладен прелијте го прво со сокот од лимон измешан со шеќерот во прав, а потоа со топеното бело чоколадо.