Сладолед во калап
Состојки
- за подлога на сладоледот
- 5-6 големи кроасани со вкус на чоколадо
- 150мл. млеко
- смеса за сладоледот
- 350гр. шлаг пена
- 200гр. сецкани ресани
- 10 крем банани
- 100гр. топено чоколадо
- 100гр. мелени кикирики
Подготовка
Како што наближуваат горештините, така се почнува со матење на сладоледи.
За подлогата на сладоледот - кроасаните натопете ги кратко во млекото и наредете ги во модлата во која ќе биди сладоледот.
Шлагот избијте го со миксер и поделете го на три дела. Во едниот дел ставете ги сецканите крем банани, во дригиот сецканите ресани, а третиот оставете го бел.
Најдолу ставете го делот со ресаните, над него тој со крем бананите и најгоре белиот дел. Украсете со топено чоколадо и кикирики. Оставете во замрзнувач и потоа конзумирајте.
На здравје!!!