Евтин колач
Состојки
- 1 кг јаболка
- 300 гр шеќер
- 220 гр масло
- 5 филџани за кафе брашно
- 50 гр мелени ореви
- 1 пакетче сода бикарбона
- 1 пакетче цимет
Подготовка
Јаболката се рендаат со лушпа и потоа се додава брашното, шеќерот, маслото, оревите, содата и циметот и се убаво се меша. Се остава 45 инути во фрижидер и потоа се пече на набрашнето тавче. Се проверува со чешкалка дали е готово. Кога на чепкалката нема ништо тогаш е готово, а јас на 200 степени го печев. На крај го посипав со шеќер во прав.
За филџани за мерење на брашно користев од обичните за кафе, окулу 150 мл.