Испечати

Фантазија коцки

Фантазија коцки

Состојки

  • 14 белки
  • 250гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100гр ореви
  • 2 лажици лебни трошки
  • фил
  • 1л млеко
  • 14 жолчки
  • 300гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 5 лажици гриз
  • 1 маргарин
  • 5 лажици мармалад од боровница

Подготовка

Подготовка
1. Изматете ги белките во цврст снег.
2. Додадете го шеќерот и постепено матите на крај додадете ги презлата, ванилата и оревите.
3. Сипете ја смесата во голем плех со големина на рерната убаво израмнетеја и печете на 180 степени околу триесет минути. Најбитно е кората да се пече полека за да се испече добро да не е мека.
4. Печениот бисквит полека одлепете го од хартијата и пресечетего на пола.
Подготовка на филот
1. Во поголемо тенџере зоврите 700мл млеко.
2. Во посебен пластичен сад изматете ги пенасто жолчките, шеќерот и ванилата. На крај сипете го 300мл останатото млеко и полека убаво измешајте го пудингот и гризот.
3. Со непрестано мешање додавајте ја оваа смеса на врелото млеко додека не се згусне. Можете смесата додека се вари на тивко да ја миксирате со миксер.
4. Во изладениот фил го мешаме маргаринот додека не добиеме убав фил.
Колачот го редиме на следен начин.
Тесто,фил,тесто,фил и на крај го премачкуваме со мармалад од боровинки.
Доколку сакате може да го премачкате и со друг мармалад или слатка павлака.
Добар апетит!!!