Колокитхопита - Пита со тиквичка
Состојки
- 1 средна тиквичка
- 3 јајца
- 200 гр гриз
- 3 лажици брашно
- 1 пециво
- 70 мл масло
- 100 гр сирење фета
- 1 сецкан морков
- 1 лажиче сол
- 30 гр сусам
Подготовка
Во овој период има изобилство на тиквички, вкусен, нискокалоричен и здрав зеленчук.
Па еве еден грчки рецепт за брза пита со тиквичка.
Најпрво тиквичката се лупи и се ренда на крупно ренде.
Не се цеди.
Во вангличка се ставаат 3 јајца, се додава сол и се мати.
На ова се додава маслото, сецканиот морков, сирењето, пецивото, гризот и брашното.
Сето убаво со лажица се промешува.
Смесата се истура во округли силиконски калап на Делимано, се наросува со сусам и се печи се додека не зарумени питата.
Фали уште чаша јогурт и појадокот е готов.
Брзо, лесно, вкусно.
По желба може да се додаде и копар.
Јас денес наместо фета сирење, употребив сирење кое го купив на пазарот и е на граница со кашкавалот. Вкусно, пријатно ме изненади.