Сендвичи од бисквити
Состојки
- Фил
- 1 литар млеко
- 300 гр. шеќер
- 6 јајца (жолчки)
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 10 лажици брашно
- 250 гр. маргарин
- 500-600 гр. бисквити
- 150мл. чоколадно млеко
- 3 банани
Подготовка
750мл. од млекото заедно со 300 гр. шеќер се става во тенџере на оган. Може претходно шеќерот да се стопи во тенџерето колку да добие златна боја, а потоа се додава млекото и се меша на тивок оган додека не се растопи карамелот од шеќерот. На тој начина се добива вкус на карамел, но и не мора.
Во млекото исто така ставаме и 2 пакетчиња ванилин шеќер. Откако ќе се растопи шеќерот во сад настрана матиме 6 жолчки во кои наизменично го додаваме преостанатото млеко (250 мл.) и 10 лажици брашно. Откако ќе добиеме хомогена смеса ја истураме во млекото во тенџерето на оган и мешаме додека не ја добиеме потребната густина. Филот го тргаме настрана да се излади.
Откако ќе се излади филот во него додаваме 250 гр. изматен маргарин. По желба може да се додаде рендано или сечкано чоколадо.
Потоа почнуваме со спремање на сендвичите. Секоја од бисквитите ја натопуваме во чоколадно млеко и ја редиме во плекче. Потоа премачкуваме со филот, повторно редиме бисквити потопени во чоколадно млеко и пак премакуваме од филот, ставаме кругови свежа банана врз филот. Повторно редиме бисквити – Фил и на крај завршуваме со бисквити. Декорираме со преостанатиот фил. Сендвичите може и секој посебно да се прави, но вака е побрзо само треба да се внимава секогаш во ист ред да се редат биквитите така да кога ќе се сече да се добијат прекрасни благи и сочни бисквити.