Пица со пилешко и кулен
Состојки
- За тестото
- 300 гр бело брашно
- 200 гр брашно грахам
- 240 мл млака вода
- 1 сув квасец
- 3 лажици маслиново масло
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- За пилешкото
- 350 гр пилешки стек
- 1 јајце
- 3-4 лажици лебни трошки
- 3-4 лажици сусам
- 1 лажица мешан сув зачин
- Останати продукти
- 150 гр кулен
- 400 гр рендан кашкавал
- 5-6 лажици кечап
Подготовка
Си реков да си поиграм малку со состојките и да направам пица поразлична од стандардната. Домашните беа задоволни и најадени, а јас пресреќна бидејќи екпериментот беше успешен.
1. Го замесуваме тестото со сите наведени состојки. Го оставаме да стаса.
2. Пилешките гради ги пржиме, со тоа што прво ги валкаме во разматено јајце, па во измешаните лебни трошки, со зачинот и сусамот.
3. Го размесуваме тестото и го делиме на 4 или 5 топчиња, во зависност колкави ни се тавчињата во кои ќе ги печеме пиците. Топчињата ги сукаме во круг и ги ставаме во тавче во кое сме ставиле само брашно.
4. Мачкаме со кечап, ги ставаме парчињата пилешко, рендаме кашкавал и на крај ставаме кругови од кулен. Со прстофат оригано посолуваме врз непечената пица.
5. Пицата ја ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени. Ако имате можност на рерната, уклучете го само долниот грејач и ставете ја на прво ниво тавата. Така мене најубаво ми се пече пицата.