Летна бајадера
Состојки
- 1л. млеко
- 200гр. шеќер
- 250гр. маргарин
- 150гр. гриз
- 1 1/2 лажица какао во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
- сок од 1/2 лимета
- 300гр. бисквити
Подготовка
Брз десерт и лесен за подготовка, посебно погоден за периодов кога деновите стануваат потопли. Освен состојките кои се потребни за подготовката, се што ви треба се три длабоки сада и една жица за матење. Нема миксери, нема печење....
Ставете го млекото заедно со шеќерот да се вари во едно тенџере. Откако убаво ќе се загрее, додадете го маргаринот и мешајте повремено додека се растопи и млекото да зоврие. Тргнете кратко на страна, додадете го гризот и вратете повторно да се вари на умерена температура. Мешајте цело време додека се свари гризот и додека да добиете густа каша.
Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете го какаото и убаво промешајте. Во другиот дел ставете го сокот од лиметата и ванилиниот шеќер и промешајте.
Во правоаголна тава со димензии 30*20 наредете еден ред бисквити. Врз нив нанесете го топлиот какао фил. Повторно наредете еден ред бисквите, па нанесете го светлиот фил. Врз него ставете усте еден ред бисквити. И толку! -))
Оставете на собна температура да се подизлади, па потоа ставете го во фрижидер убаво да се излади и стегне.
Послужете се овошје по желба или со слатка павлака.