Торта Мила
Состојки
- За трите кори
- 9 супени лажици брашно
- 18 супени лажици шеќер
- 18 супени лажици мелени ореви
- 1 пециво
- Фил 1
- 9 жолчки
- 5 лажици шеќер во прав
- 100 гр какао
- 200 гр шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 200 гр ладна вода, 1 коцка маргарин
- Фил 2 и премачкување на тортата
- 500 мл слатка павлака
- 100 гр мелени ореви
- 3 супени лажици чоколадо во прав
Подготовка
3 белки се матат со 6 лажици шеќер, потоа се додава 3 лажици брашно малку пециво (1 пециво за сите три кори) и 6 лажици мелени ореви и се пече во подмачкано тавче бр 26. Се прават 3 вакви кори.
Жолчките се матат со шеќерот во прав и се ставаат на пареа кратко околу 3 мин.и се остава да се ладат. Кога ќе се излади се додава маргаринот и убаво се мати. Какаото, шеќерот и водата се ставаат да вријат 3-4 минути, но се меша постојано за да не загори потоа се трга на страна и се додава чоколадото, се меша да се стопи и се остава да се излади убаво. Кога е изладено се соединува со жолчките матени со маргаринот и се мати убаво.
фил 2
Слатката павлака се мати убаво и потоа се додава чоколадото во прав и мелените ореви.
Тортата се филува во следниот ред:
кора - од темниот фил - од слатката павлака - кора - темен фил - слатка павлака, кора и се завршува со премчкување од преостанатата слатка павлака.