Леб од пекарче со 4 вида брашно
Состојки
- 1 квасец
- 300 мл млака вода
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 50 мл маслиново масло
- 150 гр бело брашно
- 150 гр хељдино брашно
- 150 гр ржано брашно
- 150 гр црно пченично брашно
Подготовка
Прво во пекарчето за леб се ставаат течните состојки, па се додаваат квасецот, солта, шеќерот и брашното.
Понатаму работата до крај ви ја завршува пекарчето за леб
( меси, кисни, печи) а вие со сиренце и доматче седнете и уживајте.
Здрав домашен леб без адитиви.