Испечати

Палачинки со мед и праски

Палачинки со мед и праски

Состојки

  • 300гр обично бело брашно
  • 150 гр интегрално брашно
  • 600-700мл кисела вода
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • фил
  • 1кг праски
  • 250гр мед
  • 1 лажица цимет
  • 100мл маџун или чоколаден прелив

Подготовка

Се мешаат двата вида на брашно, пецивото и солта. Се додава минералната вода (малку замлачена ) и јајцето и се мати смесата. Не мора со миксер може убаво да се измеша и со рачна маталка. Така подготвената смеса треба да одстои 30 минути. Количината на вода зависи од квалитетот на брашното, па затоа може помалку или повеќе - по потреба.
Во загреана тава се пржат палачинките.
Фил
Праските се лупат и се сечат на коцки. Се прелеваат со медот, убаво се меша и се оставаат да одседат 20 минути. Филот може да се подготви додека се одмара смесата за палачинки.
Се зема една палачинка и се става 2 лажици од филот. Се превиткува или рола-зависи од вкусот и потребата и одозгора се поросува со цимет. На крај преку циметот се накапува прелив. Преливот зависи од домашните залихи или вкусови. Кај мене тоа е маџун.
Ако немате дома мед може да послужи и шербет од слатко, но бидејки се работи за дечињата медот е далеку повкусен и поздрав. Овошјето може да се замени и со друго ама оваа комбинација со праски, цимет и мед навистина е бомба.